Барот кој е во склоп на нашиот хотел е совршен за секој од нас што сака да се релаксира со својот омилен пијалок во релаксирачки амбиент кој плени со својата убавина.
Нашиот бар е нуди исто така и приватност која овозможува овој простор да биде користен за секаков вид на помала прослава, приватен ручек и слично.
Pool Bar
Одлично место за разладување во пеколните летни денови, но исто така и совршено место за релаксација во попријатни температури. Нашиот Pool Bar е составен и од тревник каде можете да го испиете омилениот пијалок или дневното кафе во прекрасен, природен амбиент, со уникатен поглед кон езерото.
Во рамки на хотел Романтик се наоѓа и детско игралиште опремено со реквизити за забава и релаксација на најмладите.